Драма на лет кон Германија: Сите плачеа и се молеа, помислив дека ова ми се последни моменти
Германската авиокомпанија ,,Луфтханза” изјави за ,,ЦБС Њус” дека во текот на летот настанала „турбуленција во воздухот“, за кој се вели дека може да се случи без видливи временски прилики или претходно предупредување. Овој вид турбуленција се јавува во области без облаци.
Камила Алвеш Меконахи, сопруга на познатиот актер Метју Меконахи. И двајцата биле патници во авионите „Луфтханза“ кои летале од Остин во Франкфурт
Сред лет авионот почнал да паѓа во таканаречен слобден пад. Се случи вистински ха ос, започна се пред мене да се превртува.
– Се расфрла прибор за јадење, разни слатки, некој мали торбици и слично, се заврши на подот, вели Камила за немилиот момент.
Авионот на Луфтханза морал итно да слета на меѓународниот аеродром Далес во Вирџинија, поради турбуленцијата, пренсуваат во врска со летот број 469.
,,Ербус А330” беше на надморска височина од околу единаесет километри кога имаше турбуленции. Имаше 172 патници и 12 членови на екипажот во авионот.
Патникот Георгиј Назарк изјави дека помислил дека ова му се последните мигови од животот. Видел како едно бебе буквално прелетало низ него, но неговата мајка набргу го зграпчила во воздухот.
„Луѓето се молеа и плачеа додека се држеа едни со други, подготвувајќи се за сè што можеше да следи и помислувајќи на најлошото, додава тој.
Луфтханза за ЦБС њуз изјави дека настанало она што е познато како „турбуленција во светлосниот воздух“, за кој се вели дека може да се случи без било какво предвидување.