Кавадарчанката Милица Ризо Трајков: Бев подготвена на коментари, но тие ме прават похрабра и посилна
Веќе неколку денови на големо се пишува и зборовуа за младата кавадарчанка Милица Ризо Трајков која имаше настап на „Ѕвездите на Гранд“.
Причините веруваме на повеќето од вас веќе и се познати, а за оние кои што не знаат, тоа е смелипт аутфит со кој што се појави.
Милица имаше одлична изведба, доби четири гласа и освои место во баражот, а особено внимание привлече со несекојдневниот стајлинг.
Младата кавадарчанка на сцената се појави со смел комбинезон во боја на кожа со црни детали кои потсетуваат на бикини и впечатлива шапка од која до под имаше ленти.
Со оглед на тоа што јавноста и социјалните медиуми на големо ја коментираат, таа даде интервју за Фокус.мк меѓу кое и кажа:
-Бев подготвена за секакви коментари уште кога решив да се пријавам на шоуто, и јасно ми беше дека кај нас така одат работите, речиси секогаш повеќе ќе има негативни, отколку позитивни коментари.
Но, критиките ме прават похрабра и посилна, а најважно ми е тоа што ја имам поддршката од семејството.
Моите родители се секогаш до мене, и благодарение на нив ми се случува сето ова денес- појаснува Милица во интервјуто за Фокус.мк