Баба Верица од Штип ја доживеа и 99-та година:Лично познава дури и светец
Малкумина можат да се пофалат со години кои за некои се недостижни, но и со енергија за работа како на млади години.
Верица Грабулева Трајкова од Штип со своите 99 години воодушевува со животниот ентузијазам. Годините за неа не се важни бидејки таа сама умее да се грижи и за себе и за куќата.
Слободното време за Верица е решавање на крстозбори. Меморијата и е во совршена состојба. Памети се од својот живот,па дури и строфите кои ги научила додека била мала.
Во меѓувреме, по телефон се слуша со децата, внуците и паравнуците бидејки на мисла тие и се постојано.
Во долгата ретроспектива на животот за ТВ Стар, една од најстарите штипјанки вели дека за ништо не се кае, задоволна е и горда на семејството, но и на нешто друго.
Таа лично го познава Мијалче Парнаџиев, подоцна Гаврил Епискот Велички кој на 27 мај 2017-та беше канонизиран и оттогаш е светец.
– Го помнам, знам, добар човек беше многу. Даваше ми совети, многу се слагавме со него. Беше учител, добар човек, воспитан.Не учеше како ад се живее добро.
Поентата на животот за баба Верица е меѓусебното разбирање, но сега најважно за нејзе е беграничната љубов која и ја даваат нејзините.
– Тоа е најважното, што многу ме поштуваат децата и ме чуват. Многу имам паравнуци, паравнуки, само далеко ми се многу ми е ма ка за нив што не можам да си ги видам.
А тие тука многу ме поштуваат. Далеку ми отидоа, а тука останаа само две деца. Внимавам што јадам. Не јадам сенешто, на пример пржено не јадам, мрсно не јадам.Се јадам што треба, пијам млеко и јогурт. Секој ден зимам чај од бозел – тоа ми е најдобро, вели баба Верица.Целиот видео прилог може да го погледнете на Телевизија Стар.