Бени прогласен за најдобар во Швајцарија: Јас сум горд што доаѓам од Македонија
Бени е освојувач на 6 светски титули, 4 европски и 4 швајцарски титули. Наградата во Швајцарија ја добива по петти пат, а му ја доделија швајцарската министерка за спорт и градоначалникот на Биел.
„Јас сум горд што доаѓам од Македонија и од моето мало село Октиси. Јас сум многу горд што сум пораснал во така мало село“, вели Бени Османоски, кик-боксер.
Османоски, неодамна беше прогласен за најдобар кик-боксер на градот Биел во Швајцарија за 2022 година. Наградата што ја добива петти пат му ја додели швајцарската министерка за спорт и градоначалникот на Биел.
„Наградата ми значи многу, бидејќи е нешто што не се добива секој ден и не е нешто што една борба ќе победите, туку треба да се докажувате преу цела година и цело време.
Треба да бидете само јак спортист или јак кик боксер, треба да бидете пример за спортот, треба да бидете дисциплиниран. Јас сум спортист не само во рингот, туку сум спортист и надвор од рингот и сум пример за многу кик боксери не само во Швајцарија и во целиот свет“, вели Османоски за Гласот на америка на македонски јазик.
Неговата колекција со трофеи, постојано се зголемува и покрај силната конкуренција, со која се бори во рингот. Само во Швјацарија има повеќе од 300 професионални кик боксери.