Радмила од Виница која е мајка на 5 деца моли за помош: Да можам да зборувам убаво, никогаш нема да се пожалам дека ми е тешко
Радмила Каранфилова е млада жена, која има 22 години. Веднаш по завршувањето на средното образование во Штип, се мажи и во Виница досега дури пет пати се остварува како мајка. Нејзините пет чеда се нејзино најголемо богатство. Јана, Роби, Иван, кристијан и Тоше причината поради која оваа мајка се буди и живее.
Прескромни деца кои со малку се научени да бидат задоволни. За жал, Радмила од раѓање има хендикеп кој никако не успева да го победи. Тешкотии во говорот и нејасно зборување, кој додека била мала не бил соодветно третиран, па, затоа и постојано наидува на рампи во животот, посебно во изборот на работа за да му обезбеди посигурен живот на семејството.
Можеби скромниот живот и немаштијата и некако ќе ги надмине, но потребата да се искаже како останатите, и трудот што го вложува за да го каже својот проблем очигледно и се најголемата битка со која сиот живот војува. Да може да ја добие битката можеби Радмила ќе биде сосема друга личност.
Би имала сосема други визии во животот. И, цели и понуди. За жал вака е хендикепирана во можноста да се докаже. Затоа сопругот е принуден да работи по две смени во денот, за да обезбеди средства на ова седумчлено семејство.
Радмила е многу млада. Живее во Виница во семејната куќа од нејзината свекрва. Мајка е на пет мали англечиња. Како дете немала лош живот, но, од секогаш имала проблем во зборувањето кој здравствено не бил соодветно третиран, па денес на оваа возраст тоа и создава голем хендикеп и проблем во наоѓање добра работа, а со тоа и можност на нејзините деца подобро да живеат.
-Децата се мали имаат свои барања. Две деца одат на училиште и им давам по 20 денари. Дома им правам некоја манџичка и ако остане некој денар купуваме пелени за бебињата. Немам услови за спиење, спиеме сите на куп, а и јас како мајка сакам децата да ми имаат се како и другите деца што имаат – вели оваа млада мајка за „Срце на дланка“.
Животот на жена со деца е навистина исполнет со љубов, но и со обврски кои Радмила не може сама да ги постигне, па затоа поголемите деца седумгодишниот Роби и шест годишната Јана се трудат околу помалите бебиња, додека мајка им подготвува ручек за сите, а, татко им е на работи дури по две смени во денот. Сепак, лошиот живот на ова семејство се одразува и врз децата, кои многу често се болни. А, како и сите деца на таа возраст и покрај ограничениот буџет на Радмила бараат се што ќе видат кај другите дечиња.
-Маж ми работи две смени на работа за да се прехраниме. Јас се сама се справувам со децата. Ми помагаат поголемите деца, Роби и Јана ги чуваат бебињата инаку не можам да постигнам се- додава Радмила.
Најголемата желба на болен човек е да оздрави, па така и на Радмила само срцето и знае колку сака да зборува како и останатие и да го надмине проблемот со неможноста да се искаже. Затоа, и покрај тоа што и треба и реновирање на полупразниот дом, ќе ја заврши таа својата сторија со реченицата: „Да можам да зборувам убаво, никогаш нема да се пожалам дека ми е тешко„!
Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа може да го направите на нејзината лична жиро сметка 300057079428973 Комерцијална Банка или на телефонскиот број на Радмила Каранфилова 078440072