(ФОТО) Македонските Сухој со втора младост: Украинците покажаа како изгледат сега некогашните наши борбени авиони
Македонија е една од ретките земји која на Украина досега ѝ донираше воени авиони. Ниту една членка на НАТО, барем јавно, не ѝ отстапи на Украина дел од своите борбени летала за да се брани од руската агресија.
Македонските власти потврдија дека ги испратиле своите борбени авиони Сухој-25 и непознат број тенкови Т-72 од советско производство.
Македонија имаше четири авиони Су-25 и 31 тенкови Т-72. Борбените авиони Сухои беа купени од Украина во 2001 година.
Во објавата на социјалните мрежи, украинската амбасада во Северна Македонија по првпат објави фотографии од поранешниот македонски авион „су-25“, кој бил доставен до Украина пролетта 2022 г. Авионот сега е надграден на стандардот „су-25М1(К)“.
Авионот сега е дел од 299. украинска тактичка Воздухопловна бригада.
Инаку, Македонија на Украина во неколку наврати од почетокот на руската агресија врз земјата ѝ донираше воена оперема.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска своевремено извести дека Македонија донирала авиони и тенкови од советско производство, но количините не беа соопштени. Донирани беа и 12 хеликоптери од типот „ми-24“, кои земјава ги доби токму од Украина за време на конфликтот во 2001 г.