Утрово пристигна страшната вест: Се упокои легената Ферус Мустафов

Македонија останува посиромашна за уште една музичка легенда која што го напушти овој свет.

Кралот на саксофонот Ферус Мустафов херојски се бореше речиси еден месец за својот живот но неуспес.

Тој имаше мозочен удар на 26 април и заврши во болница, но докторите не успеаа да му го спасат животот.

Страшната вест утрово ја потврдија членови на неговото семејство, а бројни негови пријатели и фанови веќе на социјалните мрежи се простуваат.

Еден од нив е и Игор Џамбазов кој напиша: Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе, Лесна ти земја мајсторе.