(ФОТО) Љупчо Николовски објави фотка од пред 5 години и сега со другарите – но сите ја видоа разликата во масата пред нив
Актуелниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски иако е релативно млад веќе долги години е на македонската политичка сцена.
Во февруари 2014 беше назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев.
За време на своето професионално и политичко усовршување, Николовски се стекнал со Диплома за специјализација во политички менаџмент на Нов Бугарски Универзитет, во рамките на програмата Бугарска школа за политика и Совет на Европа.
Министерот Николовски е магистрант на Програмата за магистерски студии за административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет “Св. Кирил и Методиј”.
Важи за еден од најистакнатите министри во актуелната влада на Македонија предводена од СДСМ – тоа е Љупчо Николовски првиот човек на Министерстово за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Тој често знае да сподели и некоја фотографија на социјалните мрежи од својот приватен живот, како што беше и пред некој ден.
Николовски сподели фотографија со своите другари направена во 2017 година и пет години подоцна, 2022 и притоа напиша Другарство, заедништво, моменти.
Но она што на сите и влезе во очи е тоа што на сликата од 2017 година трпезата е полна, а на она од сега е празна, па и му коментираа, на што Љупчо порач: Да сме живи и здрави.