Тамара, сопругата на Апасиев, очекува да завршиме во провалија: Тонеме и ги бркаме луѓето од државата
Тамара Јованов, сопругата на Димитар Апасиев скоро секојдневно е активна на социјалната мржеа Фејсбук каде не пропушта да го сподели своето мислење во врска со некоја тема, па така и овојпат напиша:
Зошто ништо не функционира во држвава? Затоа што ги тргаат на страна оние кои умеат и знаат, а ги ставаат на нивно место оние кои слушаат или немаат никаков авторитет, ама не и задолжително знаат и умеат.
Така добиваме погрешни луѓе на клучни места, без никаков потенцијал за управување со истите. Така дополнително тонеме и забрзано ги бркаме луѓето од државата.
Кој сака да живее во НЕфункционално и селективно општество!?Ако ова не е намерно сценарио, тогаш е производ на комплетни лудаци, со кои сите заедно ќе завршиме во провалија.
Правите луѓе, на прави места… и ќе има надеж за државава. А правите луѓе, си ги бирате на избори. Не паѓаат од небо. Кому му даваме моќ, тој ќе креира политики; тој ќе одлучува за луѓето.
Затоа, кога ќе си помислите бојкот, или избор на некој од досегашните испеани песни и кримоси, сетете се дека какви ќе си изберете, такви ќе ви одлучуваат, така ќе си живеете, вие, вашите деца, вашите роднини, пријатели, наставници, лекари, работници… Затоа, подразмислете троа, пред да одлучите.