Здравствените легитимации – книшки се непостоечки и неважечки документи – вели познатиот македонски доктор
June 13, 2023
Докторот Ненад Лазаров кој беше матичен и работеше во своја амбуланта, а сега е во приватна установа како гинеколог често знае да се огласи на фејсбук.
Така беше и овојпат кога се огласи со објава која предизвика доста реакции и притоа напиша:
Здравствените легитимации – книшки се непостоечки и неважечки документи.
Истите се укинати и исфрлени од употреб од државата т.е. фЗО со воведувањето на електронска здравствена картичка која исто така веќе не постои.
Документ за покажување осигурување пред медицинска институција во моментов е лична исправа.