Познато кој доаѓа на чело на клиниката за кардиохирургија – реагираше д-р Сашко Јовев
Неодамна, директорот на клиниката за кардиохирургија професор д-р Сашко Јовев е разрешен од министерот за здравство Фатмир Меџити. Меџити не ја откри причината за разрешувањето, кажа само дека имало нерегуларности, и дека медиумите тие информации ќе ги добијат од службите.
Министерот вели дека ќе има промена и на други директорски места и дека од 2024 година ќе има раковдители во болниците а ќе има еден клинички директор во клиничкиот центар Мајка Тереза.
Кардиохирургот Сашко Јовев со тим од неколку клиники ја направи рвата трансплантација на срце беше изведена на 23 мај 2020, оттогаш има изведено вкупно осум пресадувања на срце. Освен тоа, народот му даде голема поддршка и беше против неговото менување.
Сепак, денеска на местото директор на клиниката за кардиохирургија е назначен д-р Марјан Шокаровски кој доаѓа од истата институција.
Д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, има повеќегодишно хируршко и академско искуство, раководител е на оперативниот блок, а ангажиран е и како асистент на Медицинскиот факултет-Скопје, сооштуваат од Министерството за здравство.
-Д-р Шокаровски е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така, се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, стои во соопштението од Министерство за здравство.
Со реакција се изјасни и Сашко Јовев: „Не е сосема неочекувана ваквата одлука бидејќи најверојатно таргетот сум бил лично јас, за да не ја влечам клиниката нагоре. Токму затоа од сите мои деца што ги имам примено на работа се бира најнеспособниот кадар, во смисла на хирургија.
Другите имаат повеќе резон, покритични се, и се разбира дека не би прифатиле такво нешто. Се бира најнекритичен и најнекритичен и на некој начин неистрениран и неспособен за да не оди напред, мојот лик е најверојатно таргетиран, изјави Јовев, а новиот директор д-р Шокаровски не сакаше да ги коментира неговите реакции