Двајца радовишани сакале бугарски пасоши, па кочанчанец ги насамарил и им зел 3500 евра
July 14, 2023
Општо познато е дека голем број Македонци поседуваат или се во процедура на издавање.
На многумина не им се чекаа и се обидуваат да дојдат по забрзан пат, но во тоа наседнуваат.
За таков случај денес информираше МВР од каде што велат:
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(42) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“.
Во текот на декември 2022 година, пријавената во два наврати довела во заблуда две лица од Радовиш дека ќе им посредува за добивање на бугарско државјанство, за што побарала и зела различен паричен надомест од лицата, во вкупен износ од 3.500 евра.