Кире од Кочани во солзи лежи неподвижен и моли за помош: Чека парче леб од соседите да преживе
Во постела повеќе од две недели, без никого покрај себе, во трошна куќичка која е пред распаѓање живее Кире од Кочани. Откако му се слошило и паднал на улица во центарот на Кочани неговиот тек на живот добива сосем неочекува правец. Останува неподвижен, нема семејство, па чека сосетките да му донесат парче леб за да преживее.
Понекогаш го посетува неговата пријателка Марина, со која заедно како деца израснале во дом, па сега двајцата во тешка животна ситуација се си поткрепа еден на друг.
„Лоша ми е сосотојбата, пред две недели во трговски ми се сврте во главата, паднав на плочките и не можев да станам два ипол саати. Измести ми се раката. Сега живеам сам никој не ми помага“ – вели Кире.
Претходно имал социјален стан, ама го изгубил оти не плаќал редовно кирија. Сваќајки ја својата грешка бара повторно можност да го врати назад станот кој сега му е потребен повеќе од кога било. Дополнително има потреба од храна, средства за хигиена и парични средства за да може да ја купи потребната терапија.
„Го изгубив станот, имав социјален стан ама не плаќав кирија, не направив обнова на документите. Плаќам овде кирија три илјади денари, а 4 750 денари земам социјална помош.
Потребна ми е облека, шорцеви, долна облека и кебиња. Парични средства ми се потребни за лекарства за терапијата што ја пијам 4000 илјади денари е.“ – додава Кире пред камерите на Мнет.