Голема трагедија во виничко: Почина 34 годишно момче на пат кон болница, му се слошило додека седел во кафеана
July 28, 2023
Македонија ја потресе уште една трагедија која однесе живот на млад човек.
Имено додека со пријатели седел во кафеана, на 34 годишно момче од виничко Блатец одеднаш му се слошило.
Веднаш се обиделе да му помогнат, па тргнале кон болницата во Кочани, меѓутоа за жал по патот починал.
Лекарите од Итната медицинска помош само можеле да констатираат смрт, без траги од насилство.
Засега не се познати повеќе детали од што настапила смрта, пренесува ТВ Стар.