Здравка херојски го грабна бебето од ВЦ шолја на автобуска станица: Беше црна, ја оживеав
Здравка Рутиќ, работничка на белградската автобуска станица, херојски влета во кабината во која се пораѓаше девојчето, го извлече новороденчето од тоалетот и го оживеа.
– Беше неописливо. Го повикав обезбедувањето, земав ракавици и влегов. Да не го земев бебето ќе умреше. Го оживеав, беше модро се наголтало вода“, изјави Здравка Рутиќ за „Телеграф“.
Ја најдовме Здравка како „доаѓа при себе“, со шеќер и вода. „Убаво е, но јас сум под стрес“, додава таа.
За сето тоа време обезбедувањето било во контакт со Итната помош.Требало да се пресече папочната врвца и докторот по телефон дал инструкции на обезбедувањето.
„Од итната помош ми рекоа дека можеме слободно да ја врземе папочната врвца со завој, не е важно во која должина, само да ја прекинеме врската помеѓу бебето и мајката“, вели колешката на Здравка.
„Се е во ред, бебето плачеше, нормално. Мајката се исплаши, тоа е млада жена“, опишува работникот.
Оваа жена се породила околу 13 часот во тоалетот на автобуската станица каде се пресоблекувала на пат од Ковин кон Куршумлија. Беше со мајка и и ќерка и.