(ВИДЕО) Гавазова реши да засвири на сајзер и тупан, па за влакно ќе настрадаше – избегна посериозни последици
Струмичката и македонска турбофолк ѕвезда Сузана Гавазова има завидна кариера која трае долги години, таа е една од најбараните изведувачи на свадбите но и на приватние забави.
А кога настапува таа забавата секогаш е загарантирана, има специфичен настап но и привлечност со кој плени и освојува.
Една од најпознатите македонски пејачки Сузана Гавазова што се вели ја има буквално секој ден во медиумите, а има и зошто – поточно со причина.
Популарната Сузе освен што е надарена за музика и пеење едноставно знае да привлече внимание на себе, нешто што умешно го прави, пред се преку социјалните мрежи.
Гавазова има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи.
Вчера Гавазова имаше настап на свадба во Дебар, а притоа на истата ги покажа и своите други музички способности, освен пеењето.
Па така реши да свири на тапан и сајзер, а токму тука можеше многу лесно да настрада, но за среќа помина без последици.
Имено од силниот ветер ја бутна тендата под која пееше, а истиот момент беше снимен.
View this post on Instagram