Младите иселеници се враќаат во Маврово и Ростуше за да инвестираат во бизнис: Носталгијата не повлече во родниот крај
За две децении речиси половина од жителите на Маврово и Ростуше се иселиле. Сепак, во последните години некои се вратија и сакаат да инвестираат во својата татковина.
Регионот Маврово и Ростуша, во западниот дел на Македонија, беше тешко погоден од иселувањето на населението.Речиси половина од нив се иселиле за две децении.
Сепак, во последните години некои иселеници се вратија и сакаат да инвестираат во својата татковина. Еден од нив е Сањин Кокули кој се врати во Македонија.
После 15 години во Германија Сањин се врати со сопругата и двете деца во родно Жировница. Инвестирал во фарма за крави – зимно време стоката е во Жировница, а налето на падините на планината Дешат.Дневно прозиведува и до 500 литри млеко, пренесува Алџазера Балканс.
– Најважен услов за враќање назад е разбирањето на животот. Има луѓе кои одлучиле се да вложат во материјално, некој во слобода, семејство, морални вредности. Секој си одлучува за себе, а нас носталгијата не повлече во родниот крај.
Бизнисот во ова подрачје е ограничен, но има и профитабилни кои функционираат. Најважно е човек да има почетен капитал. Државата не ни пречи, напротив, добиваме поттик така што кој има искрена намера и добро смилсен план не би погрешил ако се врати тука.
Јас се гледам овде до крајот на мојот живот. Кога би можел да отворам млекара не би зависел од никого и тоа би сакал да го направам.Убаво ми е, лебот го заработувам дома, задоволен сум, објаснува Сањин.