Диџеј Мац кажа дали ќе влезе во политика: Па тука памет знаеме колку има
Познатиот македонски диџеј Марјан Мац Петровски често е активен на социјалните мрежи со свои ставови за определена тема. Овојпат тој напиша:
Секој ден статуси и само статуси од поединци или од народот како ТРЕБА … или како ќе ја оправат Македонија … Па нормални сте ??? Вие лаете … а караванот си врви.. и така натака !!!
А вие само продолжете да пишувате … а со истото можеби и ќе допридонесете нешто за државата Одморете денес … утре пак едно два/три статуси опалете и ќе биде супер
На објавениот статус доби коментар дали планира да влезе во политика, па одговори:
Никогаш … денес е такво време да и најчесниот биде во политика .. ќе биде обвинет за нешто !!! Само не разбирам .. а се трудам .. што ако напишат статус ???
Дали така ќе ја одбранат Македонија или ќе се попаметни од некој друг ??? Па тука памет знаеме колку има .. него ДЕЛАТА кај се ???