После овој потег на Стојанче Ангелов нема да има човек што ќе каже лош збор за него
Првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов направил потег за секоја чест, а за кој решил да не се пофали за што се гледа уште повеќе во неговата големина.
Имено при журка на Водно, при враќање од крстот еден дечко си ја скршил ногата, а во доцните часови Првата помош и ЦУК немале екипа да ја испратат на терен.
Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, а во услови на недостаток на екипи тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце заедно го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница, објави Никола Николовски, Боемот.
Ангелов по ова се огласи и сподели:
Настанот се случи ноќта на 17 кон 18 август. Сметав дека нема потреба да се објавува и од мноштвото пожари заборавив на ова извлекување на повреден човек.
Во секој случај благодарам за убавите зборови кои денес се слушаат ретко.
Благодарам за убавите зборови особено ако се земе во предвид дека ретко можат да се слушнат.ЦУК НЕМА свои ресурси туку КООРДИНИРА со ресурсите на државата.
Во конкретниот случај за извлекување на повредено лице од една од најстрмните патеки на Водно, ДЗС и МВР имаат обучени тимови за спасување но нивните процедури се спори а овде се работеше за итен случај.
Од друга страна се утепав дигајќи тегови во теретана па да не ми биде џабе толку вежбање ја употребив мојата физичка сила непосредно да помогнам. Бидејки менталната не ми е јака страна.Последната реченица ја ставив за да ги нахранам душевно оние кои ме мразат, иако ги нема многу.