Македонец е очевидец на страшната сообраќајка во Грција: Две тела висеа над хаубата на автомобил
Еден од очевидците, Македонец, кој утринава се враќал дома од Кушадаси, на патот ја затекнал сообраќајната несреќа која го потресе регионот.
Три лица загинаа утрово во страшна сообраќајна несреќа во која учествувале автобус со српски регистарски таблички и автомобил што се случила нешто пред 7 часот наутро на 521-от километар од магистралниот пат Атина-Солун, во близина на областа Поликастро на излезот Евзони.
Како што изјави еден од очевидците за Телеграф.рс, глетката била страшна, а две тела виселе над хаубата на автомобилот.
Имено, како што ни објасни, на местото пристигнал малку откако се случила несреќата и таму видел страшна глетка. Вели дека му е тешко да мисли на тоа.
– Беше страшно, се уште сум во шок. Едното возило беше на сред пат, целосно згмечено, а од него над хаубата висеа две тела, најверојатно возачот и сопатникот.
Патниците не можеа да излезат од српскиот автобус додека не дојде брзата помош. Паднаа во ендек, но не премногу длабоко – изјави соговорникот за Телеграф.
Да потсетиме, во сообраќајната несреќа учествувале двокатен туристички автобус со српски регистарски таблички и 78 патници, кој директно се судрил со автомобил со четворица патници.
Тројца сопатници од автомобилот се пронајдени мртви, а четвртиот е тешко повреден. Набргу откако автобусот се судрил со возилото, друг автомобил удрил во возилото. Сепак, двајца патници, жена и дете, не се повредени.
Бојан Милосављевиќ, директор на туристичката агенција Ски и Сан Травел, објави дека повеќето од патниците се здобиле со полесни повреди.