(ФОТО) Нема да ја препознаете – Благица Павловска си го промени личниот опис
Како што е познато Благица Павловска својата кариера ја започна при крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век.
Нашата позната фолк-пејачка кога се појави на сцената беше позната низ поранешна Југославија, но и во дијаспората.
Благица тогаш изгледаше многу поразлично отколку што изгледа денес, што може да се види и од една стара фотографија што неодамна ја објави еден нејзин колега, а која веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Секогаш весела и насменана, подготвена за добра и весела атмосфера. Нејзините песни се без рок на траење, таа успева сите да ги развесели и расположи со своите песни кои ги знаат сите на памет, од најмлади до најстари.
Благица Павловска уште со првото нејзино појавување на сцената привлече огромно внимание кај публиката.
А богами и сега, по споделените фотографии на нејзиниот Фејсбук профил. Имено, Благица Павловска била на дотерување во салонот на Сашко Сале Захариевски и може да кажеме дека дефинитивно изгледа како кралица.