Пејачката Елена откри колкав бакшиш даваат Македонците во Австралија
Елена Јовческа е позната македонска фолк пејачка која многумина ја знаат како амбасадор на македонската култура и традиција, но и како ретка жена – свирач на изворни музички инструменти.
Таа умее да свири на четири инструменти – гајда, зурла, хармоника и пијано. Зад себе им кариера подолга од една деценија, а песната со која се впушти во музичките води е „Атлантида” во 2010 година.
Нејзина лична карта, односно отскочна даска на естрадата и во кариерата е песната „Горда прилепчанка“ која за првпат во 2012 година ја однесе дури до Австралија.
Подоцна снимаше албум со народна музика, а во 2014та година почнала самоуко да свири на гајда. Идејата и била да се издвои од останатите музичари и да научи нешто што ретко кој нејзин колега го знае.
Неодамна, Јовческа се пофали со нејзиниот нов работен ангажман. Имено, пејачката отвори сопствен козметички салон ЕНстудио коешто нуди разбувавање на дамите.
Беше гостинка во утринската емисија „Шоу Магазин“ на Сител каде зборуваше малку повеќе за нејзините настапи и за тоа дали секогаш е добредојдена на свадби и прослави.
– Ми се случи само на една свадба каде што зетот и невестата не знаеја дека доаѓам јас. Вујкото на невестата од Швајцарија се јави и ме договори за таа свадба.
Невестата беше буквално шо кирана, не сакала воопшто пејачка на свадбата и јас тоа го почитувам секој има различно рамислување. Појдов се извинив, објаснува Јовческа.
По олабавувањето на мерките пејачите продолжија со турнеите низ целиот свет, па така и Јовческа по осми пат ќе одржи турнеја во далечната Австралија.
Во тој поглед зад себе има огромно искуство, па сподели на што најмногу реагираат нашинците таму и дали и оставаат голем бакшиш.
– Јас кога станува збор за бакшиш констаттирам дека секаде е тоа релативна работа, а зависи од луѓето. Кој како мене ме сака, како ме доживува, моите песни пред се.
Така што не можам да кажам дека најмногу бакшиш има во Америка, Австралија, Канада или ов Македонија. А публика во Австралија да имаме, да ги поздравам и на 8ми декември ќе си поминеме одлично – тоа е мојот прв концерт, истакнува Елена.