Лидија од Битола: Молам пред сите вас и пред Бога, само сакам да застанам на нозе – подадете ми рака, не ме оставајте
Лидија Ристевска на својот фејсбук профил сподели молба за помош до народот во која што вели:
Драги мој пријатели!Немам донациски броеви сега, немам фундрисер, освен донаторска сметка…Тоа е бидејќи сите заедно, јас со вас планиравме да биде подобро.За жал не се случи тоа, односно се случи, но за многу кратко.
Имав потешка сообраќајна не среќа и фала му на Господ што немаше ж ртви, ама мојата состојба значително се влоши. Мултиплекс склероза повторно доби уште една битка.
Интервенција со матични клетки мора да ја направам за најбрз можен период .Еве и сега молам пред сите вас и пред Бога.
Дури и клиниката ми излегува во пресрет со значајно голем попуст.Само сакам да застанам на нозе и да бидам независна, подадете ми рака, не ме оставајте.
Вие ми дававте сила и волја.Вие и Господ. Овој третман ќе чини 12000 евра. Ве молам споделете го овај апел и донирајте колку можете.
Сметката за донаци е: 500-6000165984-43 Стопанска банка Битола
Ако некој од странство сака да помогне, IBAN:MK07500080003654013 SWIFT:STBBMK22 Stopanska banka ad Bitola Благодарам што ве имам