Австралија може да се радува – Македонците ги очекува незаборавен настан
Како што е познато во далечената Австралија живеат и работат голем број Македонци кои со годините наназад се иселиле во потрага по подобар живот.
Можеби една од најбараните земји за настап кај македонската дијаспора е токму Австралија каде Македонците даваат наголем бакшиш.
Македонска поп груп ДНК долги години со успех опстојува на музичката сцена. Основана е во 2002 година од Владимир Блажев – Панчо и Андреј Ѓорѓиески – Андреј.
Споделија прекрасна вест за македонската дијаспора во Австралија:
На наше огромно задоволство, сакаме да ви ја најавиме нашата австралиска турнеја која ќе се случи во Декември, на која Сиднеј, Мелбурн и Перт ќе бидат градовите во кои за прв пат како ДНК (поддржани од нашиот бенд) ќе одржиме концерти во живо.
Ве очекуваме во голем број за заедно да ги испееме сите ДНК рефрени, и воедно да ја славиме македонската музика. Се гледаме