Д-р Беќаровски јавно ги замоли своите колеги за едно нешто и притоа им потенцираше неколку работи
Проф. д-р. Нико Беќаровски се огласи денес на својот фејсбук профил каде што имаше порака до своите колеги:
Почитувани колеги од ПЗЗ и Дежурните служби во Здравствените домови низ Скопје.
Од 1 јуни УК Токсикологија како единствена здравствена установа за акутни труења во Македонија , третира и хоспитализира исклучиво пациенти со акутни интоксикации за што сте благовремено информирани.
Уште еднаш ќе Ве замолам да не ги испраќате пациентите (усно или со упат) за сите останати здравствени услуги на Клиниката, бидејќи со тоа ги изложувате на непотребен материјален трошок, залудно изгубено време, непотребни нервози и нереализирана услуга.
Дозволете уште еднаш да Ве потсетам дека Ехо прегледите на абдомен и гастродуоденоскопиј и понатаму се изведуваат на УК Токсикологија со закажување преку Мој термин.
Сите случаи кои имаат потреба од итна интернистичка евалуација треба да се упатуваат кон Ургентниот центар во 8-ми Септември или со креиран упат кон соодветните Клиники во КЦ, а сите хронични кон специјалистите интернисти низ Здравните домови. Со должна почит