Потресна исповед на Македонецот Стојман во „Никад није касно“ за трагедијата во кој ја загубил: Таа ми се јави, тоа беше судбина ќерката:
Трагичната приказна за Стојман Јаќимовиќ неделава ги потресе сите во студиото, но и околу малите екрани, а малкумина знаат дека натпреварувачот ја претчувствувал трагедијата на својата ќерка, за која проговорил за Гранд.
Во осмата деценија, со сила и харизма на млад човек, но и со голема храброст, застана пред камерите на Гранд и си ја разголи душата за својот живот.
– Јас сум Македонец, моето семејство дојде по војната во селото Јабука, кај Панчево. Имам две сестри и тројца браќа и денес сите сме многу успешни и богати, што е многу важно денес. Сега сите сме пензионери, годините ни стигнаа – низ насмевка рече Стојман.
Иако денес е успешен инвеститор, во неговите вени отсекогаш течела љубовта кон музиката. Тој направил седум згради во Панчев.
Со грутка во грлото Стојман проговори за моментот кога за него и неговите најблиски се запре. Еден навидум обичен ден се претвори во вечна тага, денот кога неговата седумнаесетгодишна ќерка го загуби животот.
– Имав страшна трагедија. Ќерка ми загина во сообраќајна несреќа и после тоа престанав да се занимавам со музика. Почина на неполни осумнаесет години, а до нејзиниот роденден останаа само 17 дена. Бевме на Копаоник, пеев во хотел… – ја започна приказната Стојман со грутка во грлото, а потоа собра сили и продолжи:
– Сè е судбина. Таа инсистираше да дојде кај што пеев, а немаше место. Никогаш немав проблем со парите, веднаш и кажав дека сакам да и платам, но едноставно нема место, сепак, таа најде слободно место во друг хотел и таму запозна еден дечко.
Јас се вратив дома претходниот ден затоа што ја завршивме свирката и таа се враќаше со овој човек кој подоцна се покажа дека немал ни возачка дозвола. Не успеа да ја совлада кривината и тоа се случи токму на влезот во Јабука. По несреќата тој беше во затвор само една година. Бев дома кога тоа се случи. Отпрвин не се ни осмелија да ми кажат што се случило, наместо тоа ми рекоа дека е во болница.
Таа беше мошне убава и талентирана за музика, пееше одлично, да беше жива сега ќе беше одлична пејачка. После тоа 11 години бев надвор од музиката