(ФОТО) Антониа Гиговска ги растажи своите фанови: Вечерва настапот откажан – познати причините
Антонија Гиговска е едно од младите музички имиња на македонската сцена која штотуку ја почнува својата музичка кариера и е меѓу омилените кај младата популација.
Антонија Гиговска е победничка на музичкиот фестивал „Макфест 2018“. Со нумерата „Никогаш не вели никогаш“ и 30 освоени гласови таа го освои првото место на реномираниот фестивал.
Истата година беше избрана за придружен вокал на групата Eye Cue која ја претстави Македонија на Евровизија 2018 и придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија 2019.
Антониа, освен што изгледа феноменално, може да се пофали со уникатни вокални способности, а симпатиите на Балканот ги освои откако беше дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Младата пејачка незапирливо ја продолжува својата музичка кариера. Секогаш е стилизирана, инспиративна за своите фанови, но и активна на Инстаграм, каде брои над 100.000 следбеници.
Во моментов важи за една од најбараните и насјслушани домашни пејачки, речиси и да нема викенд, а да не е во некој локал низ Македонија.
Така требаше да биде и вечерва, но настапот е откажан, а за истото се огласи самата Антониа.
Другари, поради неисполнување на дел од договорените обврски од страна на организаторо на Клуб Ројал за вечерашниот настап, јас и мојот тим бевме приморани да го откажаме. Приел се гледаме наскоро. Ваша Антониа.