(ВИДЕО) Познатата македонска пејачка запеја на грчки јазик
Минатата недела публиката имаше можност да ужива во омиленото семејно шоу „Никогаш не е доцна“, кое уште еднаш ги сруши сите рекорди на гледаност.
Посебно изненадување за сите беше кога Жељко Самарџиќ и Калиопи во дует испеаја позната грчка песна и ги воодушевија сите.
Имено, тие не знаеле дека на сцената ќе се појави Џанакис Лаурис, натпреварувач кој дошол на шоуто од Кирпа, па спонтано ја испеале добро познатата песна „Mi mou thimonis matia mou“.
Веќе со првите тактови од песната, публиката во студиото почувствува лавина од емоции, а Калиопи потоа призна дека ова е нејзината омилена грчка песна.
– Ме привлече оваа мелодија кога свиреше песната на Харис, па мислев дека треба да продолжиме – низ насмевка изјави Жељко.
Да потсетиме, Калиопи неодамна во интервју откри дека едвај го чека 4 ноември кога ќе одржи солистички концерт во Белград.
Видеото од настапот може да го погледнете тука.