Пациент дупнал гуми на брза помош: Рекол дека заборавил нешто дома, па излегол со нож
November 4, 2023
Не е тајна дека медицинските возила, па и медицинскиот персонал доживуваат различни несреќи предизвикани дали од пациенти, дали од некој однадвор.
Физички напад на медицинско лице, крадење на возило на брза помош, кршење, се тоа се ситуации кои сме можеле да ги прочитаме во медиумите.
Пациент од Трговишта, кој со возило на Брза помош требало да биде префрлен на Одделот за психијатрија во Врање, предизвикал инцидент кој не се памети.
Имено, тој побарал од медицинскиот персонал да го запре возилото за да земе нешто од куќата пред да тргнат за Врање.
Очигледно намерата му била друга, па тој излегол од куќата со кујнски нож и ја дупнал предната десна гума на возилото. За се е известено надлежното обвинителство.