(ФОТО) Македонија ја има својата Мерлин Монро – јавноста остана подзината од нејзиното издание
Вчеравечер во хотел Мериот во Скопје се одржа Кабаре шоу на Винарија Тиквеш на која приссутвуваа многу јавни личности од земјава.
Уникатни стајлинзи, вечерни тоалети и комбинации од кои здивот се одзема беа дел од самата прослава.
Како дел од гостите беше и Миа Костова заедно со познатиот стилист и поранешен водител Сергеј Варошлија и нејзината партнерка Тијана Скулиќ.
Меѓутоа, она што не можеше да остане незабележано беше појавата на Миа Костова која изгледаше совршено и можеби во едно од нејзините најдобри изданија досега.
Црн фустан кој совршено ги истакнуваше нејзините заоблени гради точно на деколтето, црвен кармин и секако неодминливата руса коса која во таа прилика и беше иста како фризурата на Мерлин Монро.
Макеоднската јавност не можеше а да не се восхитува и да не ја пофали нејзината женственост, а се благодарение на нејзиниот стилист Зоран Шурбевски.