За убиството на Вања уапсен и нејзиниот татко Александар
December 3, 2023
Како што е познато полицијата пред неколку часа ја потврди трагичната вест
-„По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.
Обвинителството потврди дека е упасен Александар, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска. Засега за него не се бара притвор, а распитот сѐ уште трае, пренесува Скопје 1
За потсетување, таткото е второто лице кое ја пријави сега убиената Вања за исчезната. Засега не се знае дали тој има статус на осомничено лице.