Анета Молика за првпат искрено по разводот: Не боли ако си сакал да го направиш
Ми е терет кога си зборуваат невистини како и секој мој колека кога се нервира за трачеви. Не знам зошто толку му се придава значење, тоа е нормално надвор од Македонија.
Искрено не сакам да навлегувам многу во тоа, се случи што се случи, требало така да биде. Не гледам никаков голем проблем, па да треба сега нонстоп за тоа да се пишува.
Не сме ние ни први ни последни, се се случува со причина. Не знам зошто секогаш за развод мора да е неверство – може да е губење на чувства, може да се проблеми што се во фамилијата. Не знам ни јас што се случи, а и не чувствувам потреба дека треба толку да давам изјави или да објаснам како се случи.
Гледам од сега па натаму да си го живеам животот јас како што сакам, како што треба да го живеам и постојано тоа истото го кажувам никогаш не се вртам назад. Ако си сакал да го направиш овој чекор, нормално дека не боли, во секој случај разводот е чекор напред два назад.Сега разликата во тоа е што јас сама си договарам настапи, мене ми се јавуваат, а дотогаш тоа не беше моја работа, вели Анета.
Анета во Бексјтеџ откри ексклузива: Спремам песна со Мартин Вучиќ и тоа страшна песна, нема многу да откријам тоа ќе биде кога ќе се заврши цел проект, снимам песна од Сашко Велков. На двете песни како текстописец стои Анита Даева од која сум презадоволна, додава Анета.