(ФОТО) Перо Антиќ отиде уште еден чекор понапред – гласаше на изборите во Србија
На вонредните парламентарни избори во Србија до 14 часот гласале 32,38 отсто од гласачите, соопшти Републичката изборна комисија (РИК).
Во споредба со истиот временски период на изборите во април 2022 година, излезноста е малку повисока. Лани до 14 часот гласаа 31,56 отсто.
Покрај на парламентарни, граѓаните на Србија гласаат и на покраински, како и на локални избори во над 60 градови и општини. Вклучително и во Белград кој се смета за клучен во соочувањето помеѓу владејачката коалиција на претседателот Александар Вучиќ и прозападната опозиција обединета под слоганот „Србија против насилството“.
Дел од српските медиуми досега јавија дека во белградска Штарк арена масовно се носат гласачи од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, за да гласаат во Белград
А меѓу нив има и граѓаните на Македонија со двојно или тројно државјанство, а случај е и Перо Антиќ, трофејниот наш кошаркар а сега претседател на КФСМ.
Тој активно беше вклучен во кампањата на СНС и поддршка на Вучиќ, а денес и гласаше што значи дека има и српски пасош освен македонскиот како и бугарскиот.