(ФОТО) Максим Димитриевски го прослави родендено далеку од Македонија – доби уникатна торта
Првиот човек на Општина Куманово, Максим Димитриевски често знае да привлече внимание во јавноста поради своите потези и ставови.
Успеа да добие втор мандат како градоначалник на Куманово, овојпат како независен кандидат што на некој начин е потврда дека граѓаните го сакаат.
Политичката кариера ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија. Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година.
Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово, функција на која што е и понатаму.
Тој освен што е успешен во својата кариера, исто така е и семеен човек, сопруг и татко на три деца – Милан, Вероника и Димитар.
Пред неколку дена Максим славеше роденден и тоа далеку од својата држава.
Имено Димитриевски беше во Дижон, Франција каде што за својот роденден доби парче торта и свеќичка со број 1 кој ја дуваше и притоа напиша:
Ви благодарам драги пријатели за сите честитки кои ги добив денеска. По успешната конференција да го прославиме роденденот