Toше од Свети Николе: Некогаш со денови ако не ми купат леб, немаме што да јадеме со мама, молам за редовна храна
Тоше Стојковски живее осамен и тежок живот со својата мајка во четири ѕида во семејниот стан во Свети Николе. Има 59 години, иако судбината што го снашла покажува многу повеќе брчки на неговото лице. Како млад бил среќе и исполнет. Неколку години работел во елитна фабрика во Швајцарија и се надевал дека таму ќе добие виза и ќе остане. Но, работата и среќата му била земена пред очи, па тој се враќа во родниот крај и продолжува да работи сезонски како градежен работник.
Нема да оствари право на пензија, зашто по смртта на татко му му започнува тешкиот живот, а очигледно најтешка му е обврската да ја чува својата стара 84 мајка која е неподвижна и зависна од неговата помош. Пред две години животот веќе му станува неподнослив откако добива два мозочни инфаркти и не може да се симне од зградата за да купи храна за да преживеат. За да биде уште полошо и од народната кујна им го укинуваат оброкот, па понекогаш ако некој сосед не се смилува да им купи леб можат и да гладуваат. А, ова семејство живее само со 4500 денари социјална помош од Тоше, и инвалиската пензија од баба Марија. Беспарицата лани зимата ги принудила да премрзнат без струја, а стравуваат дека и оваа година ќе ги снајде истото. Замолуваат за помош да го поминат овој тежок период во кој се оставени сами на милост и немилост.
Се било добро во животот на Тоше Стојковски додека бил жив и неговиот татко. Владеала слога и хармонија во нивниот семеен дом. Тоше за три испити не го завршил земјоделскиот факултет и заминал да работи 4 години во Швајцарија. Откако не успеал да отане во таа земја, се враќа дома и татко му одлучил да ги обезбеди за понатаму, помагајќи му на братот на Тоше да изгради куќа, а, станот да остане за Тоше. дочувувајќи ги додека се живи родителите. Подоцна Тоше се жени, но за жал се раздвојува од сопругата и ги губи и двете деца.
-Убаво беше кога бев дете и млад. Завршив училиште и се запишав на Земјоделски факултет. За три испити не дипломирав. Можеби тоа ми е и најголемата грешка. Но, млад заминав во Швајцарија и работев и заработував добро. Кога требаше да останам и да започнам живот таму, среќата ми ја украде еден хрват кој го зазема моето место. Морав да се вратам во родниот град и да го продолжам животот тука. Татко ми не седна со брат ми и ни рече. Ти остани со нас во станот,а ќе собереме сила и на брат ти ќе му направиме куќа. Така и беше. Јас се оженив, но, среќата долго не ми траеше.
Жената со децата си замина и останав да живеам со моите родители. Се беше добро додека беше жив тато. Јас работев приватно, татко земаше пензија. Живеевме некако. Но, после неговата смрт, мајка ми стана неспособна за себе. А, јас имав мозочен удар и се парализирав. И, веќе започна мојот тежок живот. Некогаш со денови ако не ми купат леб, немаме што да јадеме. За мајка ми ми е најтешко, што немам сила да и помогнам. А, ме исчувала- раксажува чичко Тоше низ солзи за „Срце на дланка“.
Можеби и овој човек никогаш немаше да побара помош доколку не добиеше два мозочни удари и стане неспособен да се грижи самиот за себе, а а камоли неговата мајка. Тоа и му е најтешко –вели тој. Не може да ја гледа како се мачи во староста. А, нема помош од никој. Живеат со минимални средства. Често остануваат без струја и храна. Но, тоа е најтешко во зима, кога буквално премрзнуваат. Згора на тоа и машината за перење му е расипана па пере на раце и тоа со едната способна рака, бидејќи десната поради ударот му е парализирана. Затоа замолува за помош, за редовна храна и нега од трето лице, како и полесно да ја помине престојната зима
Доаѓаат моменти кога разбираме дека ништо во животот не сме правеле залудно. Ни кога сме давала, ниту кога сме примале.Сите повреди, тешкотии, предавства не направиле личност која сме денес. А, убаво е да се надеваме и дека доброто секогаш доаѓа на крајот. Само треба да издржиме лавовски.
Доколку сакате да помогнете на Тоше Стојковски тоа можете да го направите на неговиот личен телефонски број 078443526 или на неговата жиро сметка 200001867839073