(ВИДЕО) Да беше штала, подобро би било: Кој нормален дозволува во ова македонско училиште да има настава
Многумина за првпат ќе слушнат дека постои село Брест, а за да доловина каде се наоѓа ќе каќеме дека е во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје. Поточно селото се наоѓа во северните предели на Скопска Црна Гора.
За разлика од многу планински, но и пригратски села, оваа има завиден број селани, па дури и 8 дечиња кои посетуваат настава.
Екипата на ТВ Клан реши да го посети ова село, а целта беше училиштето. Поточно објектот кој личи на се, само на училиште не.
Првиот коментар кога ќе го видите ќе си речете, ма нема шанси, некој се шегува. Ова излгеда како стара штала во која некогаш живеел добиток.
Но, не тое е училиштето каде нема прозорци, туку импровизирана мушаама, вратите од даски, импровизиран тоалет па и училишна табла.
Пред да пристигнат учениците, единствениот наставник во ова училиште во Брес се труди малку да го загрее единствениот клас.
Учениците со леб во рака, долги чизми, чанта на грб, но насмеани затоа што доаѓаат на училиште. Но, објектот каде што учат личи на се, освен во институцијата каде децата доаѓаат да учат.
Освен немањето услови, овие ученици немаат ниту друга алатка која би им го олеснила образовниот процес. Дури и ја импровизираа таблата.
До четврто одделение овие осум ученици мора да го продолжат образованието во овој објект, а потоа ќе треба да го минат пат во должина од речиси четири километри, целиот земјен и калив, на ученици ќе им треба повеќе од 1 час да стигнат до Општината.
И покрај тоа што условите се никакви, не изостана желбата кај учениците од Брест да се образуваат.