Жан Митрев пред неколку моменти се огласи: Ја кажа вистината за продажбата на болницата
Во текот на изминатите денови на големо во македонските медиуми се зборува дека Жан Митрев решил да ја продаде својата болница.
Дури и се наведуваше кој ќе биде новиот сопственик, се лицитираше и со сумата која беше милионска, па дури и дека стари долгови ќе му отплаќал.
Не требаше многу за да се огласи лично и самиот Жан Митрев и да упати јасна порака:
-Шпекулативните, нарачани и тенд енциозни објави за продажба на Клиниката Жан Митрев, имаат јасна интенција, но укажуваме дека под никаков притисок Клиниката нема да биде ставена на продажба.
Официјален и единствен сопственик е д-р Жан Митрев, кој и покрај обидите за дискр едитација и црна кампања со цел да се на штети на клиничката болница Жан Митрев и стручниот тим од доктори и медицински лица во изминатиот период, ја води оваа болница и ќе продолжи да раководи со истата.
Транспарентно и одговорно како што и било пракса во изминатите 22 години постоење на Клиничката болница Жан Митрев, соопштија од Клиничката болница Жан Митрев.