Момент кој вечно ќе се памети во нашата држава: Македонски доктори попладнево во солзи
На Клиниката за дигестивна хирурија, денес беше направена првата трансплантација на црн дроб од п очинат донор- прва во историјата на македонскотo здравство.
Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна с мрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.
Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна бо лест.
– Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари.
Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.
Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.
По крајот на интеренцијата преовладаа емоциите, имаше солзи радосници и многу прегратки.