Осето поскапе и пастрамалијата – од Штип ја објавија новата цена во пресрет на „Пастрамалијадата“
Како што е познато по 2 години пауза поради Ковид пандемијата, манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ повторно ќе се организира.
Манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ ќе се одржи на 23 и 24 септември на добро познатата локација, кај крстосницата „Дујле“. За истата Општината веќе има подготвено богата програма, а главни гости ќе бидат Јелена Розга и Тони Цетински.
Освен за цената на пастрамалијата на средбата се дискутираше и за закупувањето штандови.
Покровителите и пријателите на „Штипска пастрмалијада“ ќе имаат можност да постават нестандарден штанд, а зависно од локацијата и позицијата ќе платат од 3.000 евра, па и повеќе.
Угостителите кои ќе продаваат пастрмалија штандот ќе го закупат за 200 евра, а оние кои нема да продаваат пастрмалија неколкукратно повеќе, односно 1000 евра.
„Првата категорија или партнер на Општина Штип ќе добие ексклузивно маркетишко претставување и можност за поставување нестандарден штанд.
Втората категорија – пријатели се винарии или пивари, за нив имаме обезбедено пет штандови и ќе може да ја изберат својата локација.
Третата категорија се угостители коишто служат или не служат храна и може да добијат единечен тип на штанд“, истакна Александар Арсовски, одговорно лице за организација.
190 денари за пастрмалија ќе треба да платат сите оние кои сакаат да го пробаат специјалитетот на манифестацијата „Штипска пастрмалијада“.
Претставници на угостителски објекти, градоначалникот и организатори од Општината на денешната средба ги утврдија цената, која е за 40 денари повисока од претходната манифестација, и универзалните стандарди, кои остануваат исти – 250 грама тесто и 150 грама месо.