(ФОТО) Тамара Тодевска, Лејла Рамковска, Елена Ристевска и Ана Стојанова се степаа – сето тоа снимено
Денес во соседна Грција на патеката во Серес се возеше последнат трка од сезоната во македонскиот шампионат на Твинго Куп.
Со двојниот триумф на патеката Серес во Грција, Марко Блажевски е новиот шампион во Твинго откако во директен дуел триумфираше и го победи неговиот конкурент Давид Малинковски.
Двајцата возачи влегоа во последната трка со ист број на бодови, по 115, и нивниот дуел го реши шампионот.
Блажевски е трет шампион во Twingo Cup откако тоа му успеа на Мартин Делев во 2019 и на Давид Малинковски лани. Марко кој се вклучи лани во втората половина од сезоната во Твинго Куп сега победи на пет од вкупно деветте трки што се возеа.
Во генерален пласман Блажевски сезоната ја заврши со 135 бода, пред Малинковски кој собра 130. Зоран Мираковски кој на седум од деветте трки беше на подиум освои 100 бодови.
Имаше и ревијална, женска трка во која силите ги одмерија чети познати дама од естрадата во Македонија.
Пејачките Тамара Тодевска и Елена Ристевска, како и инфлуенсерките и фитнес инструкторките Ана Стојановa и Лејла Рамковска.
Победничка беше Тамара, а на пиедесталот при доделбата на трофеите имало тепачка која ја објаваи Ана и притоа на нејзиниот стори сподели видео.