Адвокатот Јанаки со хорор прича за својата мајка на Онкологија: Ја пуштија дома ден пред да почине
Неколку дена по ред и понатаму е актуелна темата за клиниката за Онкологија и скандалот што изби.
Страстите и реакциите не мируваат, туку дополнително се разгоруваат. Со свои лични сведоштва на социјалните мрежи се јавуваат се повеќе лица.
Едно од нив е познатиот адвокат Јанаки Миреовски кој сподели своја лична сторија:
-Последниот месец од својот живот мајка ми лежеше на онкологија. На цел спрат немаше буквално никаков персонал. Една сестра на цел спрат која никогаш не ја видовме.
Лекови немаше ни за лек. Ја пуштија дома ден пред да почине. Хорор прича ни е здравството а копилињата се богатат на грбот на оние кои умираат.
Секој сака да заработи но дали сум воспитан така дали сум глуп, како совест не ги јаде?! Или што си викаат и онака ќе умрат?! Гадовиии!!!