Ане се огласи од Клиниката за онкологија: Кој знае по кои дупки сте местеле кревети за поголем профит
Скандалот од Клиниката за Онкологија со сигурност ја затресе целата македонска јавност. Сега излегуваат на виделина сите премрежја, но и урнати надежи на нашите сограѓани кои се борат со суровата болест.
Сега вистински се гледа колку мака имаат одредени луѓе кои не по своја вина го добиле тоа од коешто сите се плашиме. Меѓу нив е и Ане Димитриеска Апостолска која на Фејсбук сподели:
Нема само убави слики ,уживање и насмевки,не знаеш животот што ќе ти приреди ,не знаеш какво искушение ќе ти донесе .Затоа живејте го секој ден со многу љубов во него ,упорност (без разлика на последиците) и смирение .
Денес Онкологија не знаеа кај тераат…..наведнати глави …никој компас нема ,како да се прв пат на работа ,на три места ме преместија ….ПРИЧИНА ,,требало да го прашаат докторот каде ќе им дозволи да примаат пациенти ,,.
Чекај малку докторе твоја е болницава или се ќе си беше добро додека не те откриеа …..кој знае по кои дупки сте местеле кревети за поголем профит.
Тешко на тој што си има мака.Ако можат би го продале Бога а нив само еден ќе им суди. Господ е голем
П.С.Со исклучок на мојата ѕвезда водилка Спец.Др Даниела Попоска без која ќе бев на дното .Жената која има не едно туку три срца