Боки 13 директно од болнички кревет се огласи за првпат по операцијата: Имам болки
January 15, 2024
Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, односно Боки 13, вчера беше опериран во Државната болница, а веднаш по интервенцијата разговараше за српски Информер и ја откри својата состојба.
Боки, како што ни потврди, бил опериран по петти пат, а во затворот каде престојувал три години се здобил со цревна метаплазија.
– Операцијата штотуку заврши. Не знам како помина, ваљда се е во ред. Имам болки. Ги отстранив липомите, поточно два. Едниот беше на едната, другиот на другата страна. Ова ми е петта операција – рече Боки, кој додаде дека наскоро ќе ја напушти болницата:
– Треба да бидам во болница неколку дена – изјави Јовановски за Информер.