(ВИДЕО) Крокодил уби фудбалер, па го влечеше по реката – страшни сцени, полицијата пукаше за да го извади телото
Незапаметена трагедија се случи во Костарика, каде фудбалерот Хесус Алберто Лопез беше убиен од крокодил.
Фудбалерот на Депортиво Рио Кањас се капел во реката по која го добил името неговиот клуб и во таа прилика бил нападнат од предатор од кој немал шанса да се одбрани.
Откако го убил, крокодилот почнал да го влече неговото тело за да го проголта, но полицијата реагирала и пукала во крокодилот за да го извлече телото.
– Драги пријатели, со длабока болка соопштуваме дека почина нашиот играч Хесус Алберто Лопез Ортиз (Чучо). Почивај во мир Чучо – објави неговиот клуб.
Не е познато зошто Лопез одлучила да заплива во реката, која има предупредување дека луѓето не треба да скокаат во неа токму поради големиот број на крокодили.
Како што јавуваат тамошните медиуми зад себе овој фудбалер оставил сопругата и двете деца.
⚠️IMÁGENES FUERTES⚠️
➡️El futbolista Jesús Alberto López murió en el Río Cañas en Costa Rica al ser atacado por un cocodrilo cuando el jugador se encontraba nadando.
⚠️Se le disparó al reptil para poder recuperar el cuerpo. pic.twitter.com/2h3tKmUO77
— Imagen Puebla (@Imagen_Puebla) August 2, 2023