(ВИДЕО) Македонскиот пејач, освен што замина да пее во Австралија, работи и градежно
Далечната Австралија од време била мека за македонската музичка естрада, а тоа се докажува и во последно време.
Домот на многубројните македонски иселеници и држава со многу можности од секогаш била плодно тло за нашите музичари и пејачи.
Периодот поради вирусот на многумина тешко и падна, како на публиката, така и на изведувачите со оглед на тоа што не може да патуваат и настапуваат.
Но нештата се развижија во втората половина на минатата календарска година, а истото продолжи и тековната.
Бројни наши музичари веќе беа на турнеја во Австралија, некои се во моментов, а некои допрва ќе замина.
За некои ова беше којзнае по кој пат турнеја во Австралија, за неко сефто, но како и да е убаво си поминаа.
Македонците во Австралија пак од друга страна ги испочитуваа со присуството, а забавата секогаш беше загарантирана.
И во моментот има неколку наши познати изведувачи кои се на турнеја во Австралија и ако се заклучи по објавите на социјалните мрежи си поминуваат одлично.
Еден од нив е и популарниот Цаки Кисми кој секако знае да привлече внимани. Откако пред неколку дена се пофали со скапоцено Ламбурџини Урус, сега имаше пак што да сподели.
„Ме бива и за ова, а не за Ламбурџини“ напиша Цаки и прито објави видео на кое се гледа како качен на високо со васервага и дупчалка во рака работи градежно.