(ВИДЕО) Тројца Балканци претепале медицински лица во Германија, па им се заканиле – објавена снимка од нападот
Тројца Срби нападнале лекар и медицинска сестра во болницата Сана во Берлин, пишуваат германските медиуми.
На видеото од надзорната камера се гледа како 25-годишен Србин и неговите двајца браќа тепаат медицинска сестра (32), а потоа лекар (42).И неколку дена по нападот на новогодишната ноќ, последиците од нападот се уште се сериозни. Медицинската сестра и докторот се уште не можат да работат и се на боледување.
Медицинската сестра се здобила со набиен череп и е на психолошки третман, а лекарот се здобил со повреди на лицето и црно око.Тоа што ситуацијата не ескалира дополнително веројатно е благодарение на роднина на друг пациент, кој интервенирал.Се зборува дека пијаните напаѓачи „полуделе“ по кратко чекање.
„Ќе ви го убиеме семејството. Ќе ви го пресечеме гркланот“, извикувале младите.Според полицијата, еден од тројцата Срби, 25-годишен маж, имал рана со раскрварување на раката и околу 00:45 часот бил донесен со возило на брза помош. Не е познато колку време поминало помеѓу пристигнувањето во центарот за помош и нападот.
Како што покажуваат видеата, мажите одеднаш почнуваат да ја удираат медицинската сестра. Таа удира во ѕидот од собата и останува да лежи на подот, а потоа го удриле докторот кој се обидува да ја смири ситуацијата.
Персоналот на болницата се обидувал да ја смири ситуацијата додека не дошла полицијата. Полицајците привремено ја привеле пијаната тројка. Сите се уапсени и приведени на отрезнување.
Das spielte sich in der Neujahrsnacht in der Rettungsstelle des Sana-Klinikums in Berlin-Lichtenberg ab: Ein 25-Jähriger und seine Brüder wollten nicht so lange warten. Sie schlugen einen Arzt nieder und verletzten einen Pfleger. pic.twitter.com/CDPfbwNc1R
— Andreas Kopietz (@KopietzAndreas) January 3, 2024