Горан Попов: Со бугарскиот пасош си го остварив детскиот сон, нека ме вреѓаа колку сакат, немам проблем со тоа
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец со богата интернационална кариера Горан Попов во поткас зборуваше за еден момент од минатот кој привлече внимание
-Сите Македонци ме вреѓаа дека отидов со бугарски пасош да играм во Англија зошто со македонски не можев да играм. Сум земал бугарски пасош, да, знам дека тоа е иднината и за моите деца истоо, ќе имаат отворена можност за факултет, за работа,за било што понатаму.
Јас сум Македонец, во бугарскиот пасош ми пишува дека сум Македонец и роден во Македонија, но имам бугарско државјансво.
Ако не беше тој бугарски пасош јас немаше да заигра во Англија. А тоа беше отсекогаш моја желба да играм во Премиер лига, тоа го кажав и на мјака ми уште на 13 години.
Ме вреѓаа поради бугарскиот, но немам проблем, колку сакаат нека вреѓат. Јас знам дека сум Македонец, тоа во Грција на 22 години го потврдив на телевизија,дека сум Македонец и дека моите родители, баба и дедо се Македонци и за тоа немав последици – кажа Попов за Фооткас.мк