Д-р Ненад Лазаров: На вакви шабански притисоци ќе вратам со се што имам
Познатиот доктор Ненад Лазаров често е активен на социјалните мрежи каде овојпат се осврна на насилството кое се случи од страна на кардиохирург.
„Профа, со цела должна почит, ама иди си така агресивно у партија од кај што те сменија тепај се, не ти се крив ниту персонал ниту нов директор.
Денес имаше случај на насилство у болница, никој ничиви квалификации ниту спомнал,ниту било кој сериозен ќе си дозволи, плус во случајов не се ни битни.Вистината е битна.
Ниедна титула ниту професионален успех не ти дава за право да дигнеш рака врз друг човек, особено не кога си толку успешен и сме те гледале како пример, баш затоа е и скандалозно.
Ако ве вреѓа и боли вистината, лутете се, ако лажам било што, демантирајте ме.Мене објективноста ми е побитна и по цена да се изгуби некое лажно пријателство“. Веднаш потоа си реплицираше.
Треба да знаете дека сум најпогрешен човек за со претење да играте со мене, особено си адвокати и тужби,и правење притисок уште од 7:30 наутро кај што работам да ме санкционираат, само не знам за што
Зад ВИСТИНАТА кажана дека нападнал физички персонал стојам 100%!
Немав намера да правам фељтон од една грда вест, ама на вакви шабански притисоци ќе вратам со се што имам, па фала богу и ја знам адвокати, само не ви треба тоа ниту ќе има било каков ефект во ваша корист.Е ова е правото лице на човекот, сите че го видите.