Д-р. Нико бара начин за да тужи – потребно му е адвокат за да дојде до пари за оштета
November 10, 2023
Познатиот македонски доктор токсиколог, Нико Беќаровски одново се огласи на својот фејсбук профил и ја сподели маката и притоа напиша:
ПОВТОРНО СУМ СТАНАЛ КАРДИОЛОГ, АМА СЕГА 109 ГОДИШЕН !!! Yesssss, ми одговара
И повторно некој “чудотворен чај”. И да морам да признам монтажата на лимон во мојата рака е одлична.
И да сакам навистина вака да изгледам на 109 години. И да сакам ако постои начин некој адвокат да ги тужи, а парите од оштетата хуманитарно да ги донираме.