Давид Давидовски: Мојот роденден ќе се прослави како државен празник затоа што сум татко на естрадата
Од неодамна во македонската естрада се појави младиот Давид Давидовски, кој е воочлив со својот стајлинг и зборување без влакна на јазикот.
Уникатен со својот стил, за себе вели дека е модна икона, а познат е неговиот ангажман во Метрополис Радио како водител на емисијата „Ти реков ми рече“ каде е домаќин на многу јавни естрадни лица од земјава.
Давидовски во едно интервју за Бекстејџ зборуваше малку повеќе за себе: Се пробувам во пеењето, идол ми е Јелена Карлеуша со тој специфичен настап и изведба, на нашата естрада не му треба некој што се родил со опинци.
Не треба на естрадата да има некој што нема вокабулар, е тежок сељак и глуми нешто, такви не треба да има на естрадата. Но хонорарот не ми е доволен бидејќи мојот „аутфит“ и стајлинг е многу поскап, па ќе размисалм добро, ако сум интересен и баран, вели Давид.
Давид вчеравечер славеше роденден заедно со своите најблиски пријатели покрај базен, а од приказните на Инстаграм може да се види дека си поминале лудо и незаборавно. Освен тоа, Давид сподели нешто поврзано со неговиот роденден:
„Фала Ви на сите на честитките, но мојот роденден е на 23-ти јуни(петок), ама затоа што сум „татко на естрадата“ мојот роденден ќе се прослави како државен празник па ќе трае точно 3 дена. И затоа решив со моите најблиски да го прославам на 21-ви јуни.(21 јуни, 21 година). Фала Ви на сите, уште еднаш.“